Бразил ја продолжи црната серија порази во дуелите со шпанската репрезентација

Шпанија Бразил

Шпанија продолжи да реди победи и славеше во третото коло од групата А против Бразил (25-32).

Бразилците започнаа одлично и први се одлепија на 9-5. Но, вториот дел од првото полувреме го одиграа разочарувачки. Тоа го искористија избраниците на Жорди Рибера за да го преземат водството и да заминат во соблекувална со два гола позитива.

„Црвената фурија“ започна да гради предност во продолжението. Одбраната на Шпанците функционираше солидно, а тоа беше надополнето со ефикасна игра на спротивната страна.

Офанзивниот дел од играта потфрли на двете страни во второто полувреме. Постојано имаше празни периоди без реализација, што им одговараше на шпанските репрезентативци. Бразил дури десет минути не постигна гол, па не можеше да се надева за нешто повеќе во финишот.

Соле постигна пет, Ентрериос, Фигуерас и Гомез постигнаа по четири гола кај шпанскиот тим. Силва со шест погодоци беше најефикасен во бразилскиот состав.