• Иван Димовски

Викендов на програмата во плеј-оф фазата на Суперлигата на Македонија е „вечното дерби“ меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер. Веројатно еден од двата дуели кои ќе одлучуваат за титулата во првенството, одново исто како и лани се игра на 26 март во СЦ „Јане Сандански“.
Откако минатосезонското дерби мина во знакот на инциденти на трибините, но и надвор од салата, предизвикани од навивачите на двата клуба, сега Вардар и Еурофарм Пелистер се решија за заеднички апел. Преку заедничко соопштение, потпишано од двајцата претседатели Михајло Михајловски и Зоран Стерјев, клубовите упатија апел до навивачите за фер и коректно навивање, со цел да победи ракометната игра, но и да се избегнат несакани казни, санкции и други оптеретувања.
Веќе и „Комити“ и „Чкембари“ го потврдија своето присуство на важното дерби, па се очекува вистински спектакл во Аеродром, со надеж дека ќе победи спортот и играта на теренот, а не надвор од неа.
- Сооптението на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ви го пренесуваме во целост:
