• Иван Димовски

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во главната фаза на Светското првенство, совладувајќи го Катар на Веселин Вујовиќ со 39-34.
Натпреварот во „Арена Вараждин“ од трибините го следеа добро познати лица во мак-фудбалот. Станува збор за поранешниот селектор Игор Ангеловски, кој беше тука и на неколку натпревари во првата фаза, а со него сега беше и поранешниот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски.
Искусниот Несторовски настапува за Славен Белупо, а Ангеловски живее во Загреб, па двајцата се во близина на ракометните случувања во Вараждин. Двајцата го проследија натпреварот од трибините, а по завршувањето испратија и честитки до ракометарите преку социјалните мрежи.
