Брауновиќ и Мајиќ отпаднаа: Црна Гора со пелистерецот Радовиќ на ЕП

Зоран Рогановиќ, селекторот на ракометната селекцијата на Црна Гора го објави финалниот список на ракометари со кои ќе се надигрува на претстојното Европско првенство. 

На списокот на Рогановиќ се најдоа 16 ракометари, од кои место имаше само за еден од македонската Суперлигата. Членот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ ќе патува на континенталнот собир, додека крилото на Бутел, Мајиќ и голманот на Охрид, Брауновиќ ќе чекаат шанса за друг настан.

  • Списокот на Црна Гора за Европското првенство: 

Црна Гора ќе се натпреварува во групата А во Грац, а за противници ги има Хрватска, Србија и Белорусија. Прв ривал ѝ е Хрватска на 9 јануари, два дена подоцна ќе се сретне со Србија, додека на 15 јануари ја чека дуел со Белорусија.