Братот на Талант за малку не умрел од ковид-19, сега и тој ќе се бори со вирусот

Првиот тренер на Киелце, Талант Душебаев, добил позитивен тест на коронавирусот. Тој вели дека нема никакви проблеми и симптоми, а раскажа и за тешката борба на неговиот брат во текот на летниот период.

„Добро сум, засега немам никакви проблеми. Имав мала температура, но вкусот и мирисот се тука. Во текот на летото мојот брат едвај се спаси. Мораше да добие кислород за да преживее“, изјави Душебаев.

Да не беа рутинските тестирања, поради недостатокот на симптоми, предводникот на полскиот првак немаше да знае дека го има вирусот во своето тело.

Киелце изминатиот период требаше да одигра два меча во Лигата на шампионите, против Вардар и Порто, но истите беа одложени за наредната година, поради позитивни случаи на коронавирусот.