ВИДЕО: Братот на Игор Карачиќ со чудесен гол од место ја одведе БиХ на ЕП

Синоќа, ракометната селекција на Босна и Херцеговина обезбеди историски пласман на еден континентален собир, откако со победата над Чешка од 23-24 избори учество на следното Европско првенство кое се игра следната година во Австрија, Норвешка и Шведска.

Босанските ракометни јунаци го комлетираа успехот на поранешните југословенски републики, а херој на мечот беше Иван Карачиќ, братот на сега веќе поранешната ѕвезда на Вардар, Игор Карачиќ. Искусниот бек кога беше најпотребно беше присебен и со чудесен погодок од место буквално во самиот финиш донесе огромна радост на босанската нација. 

  • Голот на Карачиќ против Чешка за пласман на БиХ на ЕП: 

Покрај БиХ, дел од следното Европското првенство ќе бидат уште и поранешните ју-републики, Црна Гора, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија