• Зоран Мишевски
Македонската ракометна судиска двојка Методија и Михајло Илиевски официјално се делегирани од страна на ЕХФ да ја делат правдата на претстојното Европско првенство во ракомет за младинци.
Ова е уште едно големо признание за браќата Илиевски, кои веќе имаат богато меѓународно искуство, судејќи натпревари во Европската лига и Европскиот Куп.
Покрај машката младинска репрезентација, Македонија ќе има свои претставници и преку судискиот пар од Битола.
Натпреварите ќе се одиграат во градовите Клуж и Турда во Романија.