Божиќ Павлетиќ по една сезона си оди од Битола, се договори со Трембле

Хрватскиот ракометар Јосип Божиќ Павлетиќ по само една сезона заминува од редовите на Еурофарм Пелистер.

Десното крило веќе се договори и парафира соработка со француски Трембле. Божиќ Павлетиќ се договори со францускиот второлигаш до 2024 година. Хрватот до крајот на сезоната ќе ги брани „зелено-белите“ бои на битолчани, па по само една година си заминува од Македонија

Повремениот репрезентативец на Хрватска пристигна во Еурофарм Пелистер од таборот на Гепинген, а претходно настапуваше за Нексе Нашице и ППД Загреб. За битолската екипа пружи солидни партии во Суперлигата и Европската лига на ЕХФ.

Новиот предизвик за Божиќ Павлетиќ во Трембле ќе започне по неговите обврски во Битола и обидот да се детронизира Вардар 1961 во македонската лига.