Божиќ-Павлетиќ ја замени Битола со Трембле

Хрватскиот ракометен репрезентативец Јосип Божиќ Павлетиќ по само една сезона си замина од редовите на Еурофарм Пелистер и кариерата ќе ја продолжи во најквалитетниот шампионат во Франција.

Десното крило парафира соработка со француски Трембле. Божиќ Павлетиќ се договори со францускиот второлигаш до 2024 година. Хрватот си замина од Македонија по само една година во дресот на битолските „зелени“.

Ракометарот од Хрватска пристигна во Еурофарм Пелистер од таборот на Гепинген додека тренер беше Жељко Бабиќ, а претходно настапуваше за Нексе Нашице и ППД Загреб. За битолската екипа Божиќ-Павлетиќ пружи солидни партии во Суперлигата и Европската лига на ЕХФ.