• Горан Упале

Божидар Илиески е ново засилување на бековската позиција на суперлигашот Прилеп. Илиевски во минатата сезона ги бранеше боите на Мулти Есенс, тим кој не успеа да го задржи суперлигашкиот статус.
„Младиот бек по стапките на својот татко, уште од најмала возраст го засакува ракометот и започнува тоа да биде негова животна пасија. Зад себе има многу успешни пласмани, а веруваме дека со својата брзина и техника ќе продолжи и понатаму да биде еден од најперспективните прилепски играчи“, велат од редовите на Прилеп.
Прилеп одигра одличен плеј-ин и со победата во последното коло над Еурофарм Пелистер 2 обезбеди опстанок во суперлигашкото друштво.