Бошевска маестрална на голот, Македонија подобра од Косово во Таранто!

Комбинираната кадетско-младинска селекција на Македонија го запиша првиот триумф на Медитеранските игри, совладувајќи ја селекцијата на Косово со резултат 27-22.

Нашите девојки одиграа добар меч, имаа водство од 15-10 на паузата меѓу двете полувремиња, а во вториот дел двете селекции постигнаа по дванаесет гола. 

Македонија беше предводена од голманот Софи Бошевска, која запиша дури 18 одбрани, а најефикасни беа Миленкоска со седум гола и Ристовска со уште пет погодоци. 

Македонија повторно ќе игра со Косово, овој пат во мечот за петтото место, кој ќе се одигра во вторник.