ВИДЕО: Босанецот Петровиќ потпиша за Еурофарм Пелистер 2 и искажа одушевување од проектот

По половина сезона без класичен левичар на позицијата десен бек, Еурофарм Пелистер 2 на Александар Јовиќ конечно пронајде решение за плеј-офот. По првите настапи на пријателските натпревари, 21-годишниот Павле Петровиќ е полн погодок на клупската управа и затоа доби договор до крајот на сезона.

Петровиќ позираше со дресот на младиот суперлигаш и за своето доаѓање во Битола рече:

„Дојдов во Битола од БиХ, играв за Локомотива од Брчко и мислам дека ова ми е вистински чекор во кариерата. Многу ми се допаѓа атмосферата во клубот и начинот како се работи, како се игра и задоволен сум од тренерот и прифаќањето од страна на играчите. Ми се допаѓа и опкружувањето и градот. 

Добро се игра, добро се тренира и екипата е добра. Се бориме и се бодриме и мислам дека во следните еден-два месеци добро ќе се вклопам во новиот тим“.

  • Комплетната изјава на Павле Петровиќ: 

Дебито на десниот бек се очекува в среда против Јехона во Купот на Македонија, а првите минути во Суперлигата, Петровиќ ќе ги одигра следниот викенд против фаворитот Вардар во Скопје.