Босанецот Граџан до 2020 година верен на Еурофарм Работник

Босанскиот интернационалец Елмир Граџан одлично се снајде во Еурофарм Работник и уште од стартот се наметна на позицијата кружен напаѓач. 24-годишниот потенцијален репрезентативец на Босна и Херцеговина го продолжи договорот со клубот од Битола на уште две сезони, што е јасна потврда дека Темелковски и управата се задоволни од неговиот учинок.

Граџан пред да дојде во Битола и во македонската Суперлига, го носеше дресот на Горажде и Борац од Бања Лука. 190-сантиметри високиот пивотмен е прва опција во Еурофарм Работник, бидејќи капитенот Трајковски се повреди и го оперираше коленото.

Деновиве, Еурофарм Работник ги продолжи договорите со Пецаковски, Петровски, Ивановски и Кузманоски. Нови ракометари во клубот се Трајковски, Ѓукиќ и Никола Маркоски.