• Зоран Мишевски
Искусниот словенечки репрезентативец, Борут Мачковшек, се согласи на нов двегодишен договор со унгарскиот ПИК Сегед. 36-годишниот лев бек пристигна во Сегедин во 2020 година и можно е да ја заврши кариерата во овој унгарски клуб.
„Борут е важен дел од нашиот тим веќе шест години. Имавме успешни разговори со левиот бек и го продолживме неговиот договор до 30 јуни 2028 година, па тој ќе продолжи да игра за нашиот клуб“, велат од унгарскиот гигант.
Мачковшек кариерата ја започна во Изола. Во текот на својот спортски пат играше за Целје, Марибор, катарскиот Ал-Сад, Хановер, Динамо Минск, Монпелје, Ајзенах и Веспрем. Со ПИК Сегед освои две титули во унгарското првенство (2021, 2022) и еден Куп на Унгарија (2025).
За словенечката репрезентација одигра 162 натпревари и постигна 419 гола. Најголем успех постигна на Светското првенство во Франција во 2017 година, кога со Словенија го освои бронзениот медал.

