Борозан во Битола, како Меси во Мадрид: Еве како настана турканицата (ФОТО)

Вечното дерби меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 заврши со минимална победа на гостите од Скопје (34-35), а по натпреварот имаше мал инцидент меѓу ракометарите и турканица.

Како настана инцидентот? По славјето на ракометарите на Вардар, Вуко Борозан, кој беше еден од најдобрите стрелци на „црвено-црните“, но беше исклучен во финишот, реагира како Лионел Меси од Барселона на дербито во Мадрид.

Го соблече дресот на Вардар, а потоа го крена кон битолската публика. Неговиот гест предизвика реакција кај капитенот на пелистерци, Филип Кузмановски, кој влезе во вербален дуел со Борозан, па следеше турканицата.

За среќа, се реагираше брзо и навремено, па поголем инцидент на теренот и на трибините немаше.