• Мартин Танасковски

Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан (203цм, 31 година), потпиша со ГРК Охрид минимум до крај на сезоната. Борозан доаѓа како слободен играч, откако претходно го раскина договорот со Вардар 1961.
„Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид. Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи! Ги поздравувам охридските навивачи, групата "Рибари" да не бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот.", изјави Борозан.
Во својата богата кариера Црногорецот има настапувано за екипите на Веспрем, Загреб, Ловќен, Металург. Веќе повеќе од деценија е еден од лидерите на црногорската репрезентација.



