Борозан: Сеедно ми е со кој ќе играме во финале

Вардар ќе има шанса по четврти пат да ја освои титулата во СЕХА Лигата, откако на домашен терен во полуфиналето од завршниот турнир славеше убедлива победа над Мешков Брест со 33-24. Втор стрелец во победничкиот тим беше Вуко Борозан, кој го наполни голот на Иван Пешиќ, но не коментираше многу по натпреварот.

„Честитки за мојот тим за пласманот во финалето. Немам многу што да кажам, освен дека сум задоволен. Сеедно е кој ќе ни биде противник во мечот за трофејот“, вели Борозан.

Финалниот двобој се игра в недела со почеток во 20.15 часот,  а противникот на Вардар ќе биде победникот од дуелот меѓу Загреб и Целје, додека натпреварот за трето место започнува во 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.