• Зоран Мишевски

Иако на почетокот на јуни беше претставен како големо засилување за претстојната сезона, Вуко Борозан нема да настапува за ППД Загреб. Клубот денес излезе со официјално соопштение во кое објави раскин на договорот со поранешниот ракометар на Вардар 1961 и Метлаург.
„Ве известуваме дека управата на РК ППД Загреб го раскина договорот со ракометарот Вук Борозан. Раскинувањето на договорот доаѓа поради тоа што играчот не можеше да ги исполни договорните обврски, односно поради тоа што не можеше соодветно да се подготви за новата сезона за време на сезонските подготовки. Раскинувањето на договорот стапува на сила денес, на шести септември. На Вуко Борозан му посакуваме сè најдобро во продолжението на кариерата“, се вели во соопштението на хрватскиот шампион.
28-годишниот Црногорец од Катар се врати во Европа и се очекуваше оживување на кариерата во Лигата на шампионите со ППД Загреб. Сепак, овој раскин може да значи дека кариерата на врвно ниво на Борозан е скоро завршена и пак мора среќа да побара во егзотичните шампионат во Азија.