Борозан и Манасков „распалија“ за Веспрем против Балатонфуреди

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и унгарски Веспрем успешно тргнаа во новата сезона од домашниот шампионат и победија и на втората средба.

Фаворитот на домашен терен славеше над Баталонфуреди (40-28), а разликата на терен беше евидентна. Двата тима во минатото играа понеизвесни дуели, но овој пат, екипата на Давид Дејвис имаше доминација во текот на целите 60 минути.

Дејан Манасков имаше одличен натпревар и заврши како втор стрелец со шест гола, а пред него беше Вуко Борозан со седум постигнати погодока. На овој натпревар настапи и Рожерио Мораеш.

Бранителот на тронот во Унгарија влегува со големи амбиции и оваа сезона, посебно во Лигата на шампионите.