Борозан е подготвен, се враќа во тимот против Кристијанштад

Еден од најдобрите ракометари на македонскиот ракометен шампион Вардар, Вуко Борозан, е подготвен за настап и ќе биде дел од екипата на претстојниот натпревар против Кристијанштад

Црногорскиот бомбардер, поради проблеми со повредите беше изоставен до составот на новиот тренер на вардарци, Парондо, но денес шпанскиот стратег потврди дека Борозан се враќа во тимот. 

„Борозан мораше да прими инјекција и затоа побара да не игра на дуелот со Стеауа. Мораме да на брзаме со овие одлуки и кога сме во можност ќе мораме да го штедиме неговото колено. В сабота ќе биде со нас и сигурен сум дека ќе го даде максимумот за да стигнеме до нова победа“, рече Парондо. 

За натпреварот против Кристијанштад, Вардар нема да може да смета само на повредените Стоилов и Горбок.