Борозан далеку од Вардар, останува во Либек?

Како што дознаваме, иако се чинеше дека преминот на Вуко Борозан од Либек во Вардар е завршена работа, до тоа сепак барем претстојното лето нема да дојде. Информациите говорат дека со потписот на Канељас во Вардар, дошло до пресврт, па така младиот Црногорец ќе остане во Германија и следната сезона.

Впрочем корпулентниот 21-годишен лев бек има важечки договор со екипата од Германија на уште една и пол година, па така тој најмалку и наредната сезона ќе остане во Бундеслигата. Борозан инаку е поранешниот ракометар на хрватски Карловац и нашиот Металург, каде што работеше под палка на Лино Червар.

За следната сезона, Вардар скоро сигурно нема да носи нов лев бек, каде што ги има Филип Лазаров, реконвалесцентот Деревен, како и Канељас. Природна позиција на најновото засилување на „црвено-црните“ е среден бек, но сезонава тој во Кил најчесто играше на лев бек, па така веројатно Гонзалес својот сонародник ќе го користи на таа позиција. На позицијата среден бек за следната сезона во Скопје останува хрватското репрезентативно дуо, Карачиќ-Циндриќ.