• Иван Димовски
Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Европската лига на ЕХФ и има шанса по шест години да ѝ донесе на Македонија уште еден европски трофеј. Со победата над АЕК во Атина од 25-29 скопскиот тим има добра позиција пред реваншот во Скопје следната седмица.
Триумфот на Алкалоид над грчкиот ривал го честита и министерот за спорт на Македонија, поранешниот репрезентативец и легенда Борко Ристовски. Тој објави фотографија од натпреварот и кратка порака.
„Честитки за одличниот натпревар и достојната промоција на Македонија“, напиша кратко министерот за спорт.
Реванш натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК се игра во СЦ „Борис Трајковски“ следната недела во 20:30 часот.