ВИДЕО: Борко Ристовски ја има една од најдобрите одбрани на колото во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски се најде меѓу најдобрите одбрани на петтото коло во Лигата на шампионите, со интервенција на натпреварот против Киелце во Скопје.

Чуварот на мрежата на Вардар фати топка на отворањето на дуелот со полскиот првак, а ЕХФ го смести на петтата позиција меѓу најдобрите интервенции.

  • Најдобрите одбрани на 5. коло во ЛШ:

Вардар доживеа пораз против Киелце (29-33), што беше втор неуспех за македонскиот и европски првак во ракометната елита по стартниот пораз од Мешков Брест во Белорусија.