Борко по освоената титула: Посакувам секој Македонец ова да го доживее

По победата на гостувањето кај Либек, ракометарите на Рајн Некер Ловен за првпат во историјата ја освоија титулата во Бундеслигата и премиерно еден Македонец го освои најсилното национално првенство во Европа, иако претходно таму настапувале и Пепи и Дејан Манасков, Ацо Јоноски и Филип Миркуловски. По славјето Борко, кој го одигра својот последен меч во кариерата, на социјалните мрежи напиша:

„Посакувам секој Македонец ова да го доживее“, напиша Ристивски на Фејсбук.