Борко ја спаси Барса од срам, Каталонците едвај слават против Кристијанштад

По ремито во првото коло во Франкфурт против Рајн Некар Левен на Филип Талески, четвртопласираната екипа од минатата сезона во Лигата на шампионите, Барселона со судни маки го победи првакот на Шведска, Кристијанштад со 31-29 (15-12).

Нашиот репрезентативец Борко Ристовски со серија на одбрани во завршниот дел од натпреварот придонесе Барса од 27-29 да направи серија од 4-0, и стигне до првата европска победа. 

Каталонците го потценија противникот, дозволија да влезат во самата завршница со егал меч и потоа ризикуваа да загубат бод или три. Ривера со 8 и Сипржак со 5 гола беа најистакнати во таборот на Барселона, а Соренсен со 6 гола се истакна кај Кристијанштад.