Борко и „лавовите“ влегоа во историјата: Рајн Некер Ловен е првак на Германија

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски како шампион на Германија со рајн Некер Ловен ќе пристигне во Скопје на подготовките за бараж двомечот со Чешка, а со тоа и во новиот клуб Барселона.

Борко и соиграчите испишаа историја со клубот Рајн Некер Ловен, од малото место близу Манхајм и Франкфурт и по одигрувањето на последното 32. коло од Бундеслигата ја прославија првата шампионска титула во најсилната лига на светот. Дејан Манасков кој од следната сезона ќе го носи дресот на Рајн Некер Ловен ќе ја брани титулата.

„Лавовите“ водени од Швајцарец Шмит го совладаа Либек на хрватскиот тренер Перковац во гости со 23-35 (10-17) и го одби последниот напад на Фленсзбург кој го освои второто место и ќе игра во Лигата на шампионите, а големиот Кил ќе мора да чека „вајлд-карта“.

Шмит со 8 гола беше прво име на последниот натпревар, а Рајнхарт и Уве Генсхајмер беа автори на по 7 гола. Вечерва по враќањето во Франкфурт следи големото славје на историската титула, која е еден вид реванш за несреќно загубената титула минатата сезона. 

Во последното коло Бергишер на Ацо Јоновски загуби на гости кај Фленсбург со 41-27, а Миркуловски и Вецлар на домашен терен загубија од Лајпциг со 29-30.