• Мартин Танасковски
Екипата на Барселона и македонскиот голман Борко Ристовски ја продолжија доминацијата во шпанскиот ракомет и успеаја во своите витрини да донесе нов трофеј, во шпанскиот Суперкуп, совладувајќи ја екипата на Натурхаус Ла Риоха со 31-25 (17-11).
Многу играчи си заминаа од таборот на Каталонците, но сепак, и тоа не беше пречка лесно да се совлада ривалот. Работата беше завршена уште по првиот дел кога се обезбеди предност од шест гола, додека второто полувреме беше комплетно изедначено.
Најдобар играч на мечот беше Раул Ентрериос, за најдобар голман е прогласен Перез де Варгас, додека најдобар стрелец беше Н'Гесан со вкупно седум постигнати гола.
За Барселона ова е втора титула во само една недела, по Супер Глоуб во Катар.


