• Мартин Танасковски

Вардар има негатива на полувремето во дуелот против Мешков Брест (12-10), а истата можеше да биде многу повисока да не беше голманот Борко Ристовски.
Првиот чувар на мрежата на вардарци имаше солиден прв дел. Фати зицери, одбрани и пенал, но нападот во одредени моменти не ги награди неговите добри интервенции и го разбрани противничкиот голман Пешиќ. Сигурно една од овие одбрани на Борко ќе биде меѓу најдобрите на колото во ЛШ.
- Трите солидни одбрани на Борко Ристовски:
„Министерот за одбрана“, како што многумина го нарекуваат, по 30 минути игра во Брест има вкупно шест интервенции.
Фото: СЕХА-лига