Борко: Далеку сме од онаа храбра репрезентација што бевме!

Борко Ристовски, еден од најискусните играчи во составот на Македонија, говореше пред медиумите по дуелот со Австрија и болниот пораз кој го чинеше нашиот национален тим елиминација од ЕП 2020.

<<< ПОВРЗАНО - Лазаров: Богатство е да се има вакви навивачи, заслужуваме критика и остануваме должни!

<<< ПОВРЗАНО - Штета – заврши сонот на ракометната легенда Лазаров за ЛОИ​

Чуварот на мрежата истакна дека овој дуел бил лекција за целиот национален тим и потенцира дека на овој ростер фали храброст, нешто што ја красело репрезентацијата во изминатите години, на изминатите ракометни првенства.

„Ова беше една лекција за сите нас. Ние цело време даваме поддршка на сите ракометари, меѓутоа секој треба да биде свесен каде му е местото. Далеку сме од онаа репрезентација што бевме, ни фали храброст. Не е исто да се игра со Украина и со Чешка или Австрија. Сите ние треба да сме свесни, реалноста е таа. Посакував да грешам на стартот, потајно знаевме дека ни фали искуство и храброст. Не се работи за тактика, техника или нешто друго. Туку за храброст, да играте за својата чест и за екипата. По дуелот со Украина не фати еуфорија, малку како да се загубивме по тоа“, изјави Ристовски.

<<< ПОВРЗАНО - Брестовац: Дали со мене или без мене, има многу работа пред сите нас

Македонија по поразот од Австрија завршува на третото место во групата и ќе го има најслабиот пласман на сите досегашни еврошампионати.

<<< ПОВРЗАНО - Стоилов: Недозволиви се такви грешки, вината за поразот е кај нас

<<< ПОВРЗАНО - „Групата за мерак“ за Македонија донесе најлош пласман во историјата на ЕП!​​

<<< ПОВРЗАНО - Македонските „лавови“ во решавачкиот момент станаа „мачиња“​