Боризовска пристигна во ПАОК, Тасевска си замина од Солун

Македонската ракометарка Александра Боризовска е пред втор предизвик во странство во кариерата затоа што се пресели во Грција каде го облече дресот на ПАОК.

Боризовска, која беше капитенка на ЖРК Куманово, се пресели во Умаг во текот на летото, но дојде до разделба. 26-годишниот среден бек сега ќе продолжи во најтрофејниот женски ракометен клуб од Грција каде ја зголемува македонската колонија.

На спротивната страна ПАОК се раздели со една од македонските ракометарки, тоа е Марија Тасевска, 21-годишното лево крило кое претходно играше за Металург.