• Мартин Танасковски

Екипата на Борец Фруитленд не успеа да запише победа над Прилеп (38-38) во натпревар кој се одигра во салата „Гемиџии“ во Велес во рамки на 21. рунда од машката ракометна Суперлига.
- Комплетниот натпревар меѓу Фруитленд Борец и Прилеп:
Прилеп даваше отпор едно полувреме, но потоа тимот се распадна и домашниот тим од тоа имаше бенефит во нападот. Доаѓаа лесни голови, Борец замина на плус од десет гола, но и тоа не беше доволно за мирно да го приведе мечот во своја корист затоа што се коцкаше и тоа Прилеп го казни. За малку Борец ќе останеше и со празни раце, да не беше одбраната на голманот Ѓурѓевиќ.
Првото полувреме во Велес беше ефикасно, паднаа дурри 43 гола, а на пауза Борец замина со плус од три погодоци (23-20). Прилеп цело време беше близу, но разликата се направи пред крајот на првиот дел со два гола во низа. Во вториот дел, Борец двапати имаше серија од четири погодоци, затоа поведе со високи 33-23, но и тоа не гарантираше лесна победа.
Верувале или не, Прилеп дојде на 37-36 на минута пред крајот. Имаше Борец повторно плус од два гола, Прилеп израмни на 38-38, а Прилеп потоа по техничка грешка имаше контра за победа, ама Ѓурѓевиќ го одбрани шутот на Шабанаџовиќ.
Најефикасен играч кај домашните беше Черубим Гуедеш со девет гола, пред Миланов со шест реализации, додека кај Прилеп, Божидар Илиески даде седум гола, исто колку и Цветаноски и Шабанаџовиќ.