• Мартин Танасковски

Екипата на Борец Фруитленд за продолжението од сезоната и плеј-аутот во Суперлигата ќе има нов тренер, затоа што се раздели со актуелниот предводник Владимир Глигоров.
Мечот против Прилеп на кој Борец водеше со десет разлика на десет минути пред крајот, ама едвај спаси бод, беше причината за разделбата на стратегот со екипата. Глигоров побарал од раководството раскин на договорот од морални причини и тоа и се случи.
Последен ангажман на Глигоров пред да дојде во Борец беше во женскиот тим на Спанга од Стокхолм, а беше на клупата на Металург РА, Радовиш, Кометал Ѓорче Петров, Голден Арт, Вардар Неготино, Кастриоти Феризај од Косово, како и на селекциите на Либан, Саудиска Арабија и Сирија.
Исто така Владимир Глигоров беше и селектор на женската репрезентација.