Борец ќе ја доигра полусезоната со младинци, нема да ризикува суспензија

Екипата на Борец соопшти дека поради финансиски проблеми се откажува од насатпите во ракометната Суперлига, но ветераните на клубот најдоа решение и тимот ќе ги доигра последните два меча за оваа полусезона.

Некогашниот првак на Македонија бележи лоши резултати, пред се затоа што нема стабилни финансии и играчки ростер. Единаесет кола тимот играше со младинци, а така ќе биде и на следните два меча, со Охрид, како и против Пелистер.

За да не бидат исфрлени во најнизок ранг и воедно суспендирани, од Борец одлучија да ја доиграат полусезоната, а потоа да решаваат за нов Управен одбор и ново раководство.

Следниот меч од Суперлигата, Борец ќе го игра утревечер од 19:00 часот во спортската сала „Гемиџии“ против Пелистер.