• Саше Љолес

Завршницата во ракометниот Куп на Македонија започна на прилично неславен начин.
Екипата на Борец Фруитленд допатува во Битола со само девет играчи, три помалку од предвидениот минимум за одржување на натпреварот против Еурофарм Пелистер 2, што според правилникот значи дека натпреварот нема да се одигра и битолскиот состав ќе добие службена победа со резултат 10-0.
Овој меч требаше да се одигра во терминот од 11:00 часот, но според пропозициите и правилата, делегатот Марјан Начевски мораше да го регистрира со службена победа на Еурофарм Пелистер 2. Вечерва во финалето на турнирот екипата на Александар Зарков ќе се боро за полуфинале против Вардар 1961 или Бутел Скопје.