Борец без сили за изненадување, четврти суперлигашки триумф за Прилеп

Ракометарите на Прилеп го забележаа четвртиот триумф во македонската Суперлига откако вечерва беа подобри од Фруитленд Борец со конечен резултат 33-27. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Прилеп и Фруитленд Борец:

Отпорот на гостите беше скршен во второто полувреме, откако претходно Борец се одржуваше во пристојна негатива, а на паузата резултатот гласеше 17-16 во корист на Прилеп. Второто полувреме донесе комплетно поинаква слика за домаќините кои ставија во посилна брзина и почнаа да го полнат голот на велешани.

Во 55. минута Прилеп имаше водство од седум гола (31-24), а на крајот победата беше заокружена со конечни . Најефикасен во победничкиот состав беше Давид Трајкоски со шест голови, додека кај Борец прво ист учинок имаше Ивица Илиев.