Борац Бања Лука подготвен да се врати во СЕХА лигата

Челниците на СЕХА лигата се сериозни во намерата Борац Бања Лука да биде дел од ова натпреварување следната сезона, па во изминатите неколку дена ги интензивираа разговорите со луѓето од Бања Лука.

Во последниот месец, враќањето на шампионот на БиХ во регионалната лига беше опција неколку пати. Во која форма ќе се игра новата сезона, колку клубови ќе учествуваат и од колку земји, никој не може да каже во моментот заради пандемија на коронавирусот. Сепак, она што е јасно е дека луѓето што го водат ова натпреварување го гледаат Борац како многу сериозен кандидат.

Во претходните неколку дена, тие побараа од клубот детали во врска со буџетот, составот на тимот, условите во салата, но и техничките детали. Во минатите учества на Борац, челниците на клубот не можеа да гарантираат пренесување на домашни натпревари со висока резолуција, а сега можат, затоа што националната телевизија на Република Српска сега има модерна опрема што ги исполнува барањата на СЕХА лигата.

Исто така, позитивни промени се видливи во клубот, кој доби генерален спонзор за следната сезона.