ВИДЕО: „Бомбата“ на Павле Атанасијевиќ е гол на колото во ЛШ!

Павле Атанасијевиќ го „украде шоуто“ во натпреварите од четвртото коло на Лигата на шампионите. Македонскиот бек од Еурофарм Пелистер го постигна најубавиот кол оваа рунда во елитното натпреваривање. 

Во финишот од мечот во Плок против Висла, Атанасијевиќ од девет метри атрактивно шутна под блокот и ефектно погоди со неодбранлив удар за Алиловиќ. 

Овој гол се најде на врвот на листата најубави во четвртото коло во изборот на ЕХФ. Во изборот се најдоа уште голови на Тобијас Грондал, Тиагус Петрус, Мартим Кошта и Марио Шоштариќ.