ВИДЕО: „Бомбата“ на Лазаров од девет метри вредна бод за Нант во Данска!

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, беше јунак на својот Нант во Европската лига на ЕХФ во дуелот со ГОГ Гудме.

Мечот меѓу ГОГ и Нант во Данска заврши без победник (29-29), а токму Лазаров на десетина секунди пред крајот го постигна погодокот вреден бод на тешкото гостување за францускиот претставник во новото натпреварување на ЕХФ.

Нашиот најдобар ракометар ја презеде одговорноста и со еден силен шут во мрежата на ривалот од девет метри го постави конечниот резултат.

  • Голот на Лазаров за реми во Данска:

Лазаров натпреварот го заврши со пет гола од осум обида и беше втор стрелец кај Нант. Зад своето име забележа и три асистенции. Вреди да се напомене дека тој играше само во второто полувреме.