ВИДЕО: „Бомбата“ на Кузмановски против Динамо во Топ-10 од групната фаза на ЛШ

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, доби место меѓу најдобрите десет гола од групната фаза во Лигата на шампионите. 

Популарниот „Фитиљ“ си го заслужи местото со извонредната „бомба“ што ја упати на домашниот натпревар против Динамо Букурешт, кога топката се одби од пречката, па од гостинскиот голман, на крајот завршувајќи во мрежата на Романците. 

Еурофарм Пелистер за жал не успеа да мине во осминафиналето, иако оваа сезона се претстави во многу подобро светло и ја заврши групната фаза со учинок од три победи, две нерешени средби и девет порази.