ВИДЕО: „Бомбата“ на Кузмановски од ДЕСЕТ метри во ТОП 10 на сезоната во ЛШ!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер зад себе ја остави најуспешната сезона во Лигата на шампионите. Битолчани беа на чекор до историски пласман во осминафиналето, а предводник на „зелено-белата“ екипа беше капитенот Филип Кузмановски.

Македонскиот репрезентативец беше вистински лидер и ракометар кој што постигна најмногу голови за битолскиот тим. Еден од нив се најде меѓу најатрактивните десет на сезоната во Лигата на шампионите. „Бомбата“ од десет метри против Динамо Букурешт во Битола се најде на десеттото место на најубавите погодоци во сезоната.

Првото место, односно најатрактивен гол сезонава, go постигна Јан Гури од Спортинг Лисабон на натпреварот против Фуксе Берлин.  

Најнови вести од
Клупски пријателски