Бомбач се реши за најтешката мисија – потпиша за „фенерџијата“ во Бундеслигата

Поранешниот словенечки репрезентативец Дејан Бомбач и официјално има нов клуб, откако замина на можеби најтешката мисија во најсилната ракометна лига на светот – Бундеслигата.  Искусниот среден бек е нов ракометар на тимот на Лајпциг, кој сезонава бележи резултати далеку под очекувањата и се наоѓа во многу тешка ситуација. 

36-годишниот ракометар, откако спогодбено го раскина договорот со Ѓер, беше поврзуван со многу клубови, но на крај се реши да се проба во моќната Бундеслига. Своето деби во новиот клуб ќе го има за два дена на дуелот против Хамбург

Инаку, Лајпциг кој до пред една недела беше воден од поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, досега освои само три бода и го зазема последното место во германската Бундеслига.