• Зоран Мишевски
Словенечкиот среден бек, Деан Бомбач, ќе остане во Лајпциг и следната сезона. Германскиот клуб води тешкаа битка за опстанок во лигата со Вецлар и Минден, но исто така ја планира и иднината.
Така, во објавата за продолжување на договорот со Бомбач, тие нагласија дека словенечкиот виртуоз на позицијата централен бек ќе остане во источна Германија без оглед на тоа во која лига ќе игра Лајпциг следната сезона.
Бомбач имаше понуди да се врати поблиску до дома, многу клубови беа заинтересирани, но останувањето во најсилната лига во светот очигледно беше најатрактивна опција за организаторот на играта.
Пред да дојде во Германија, Словенецот играше за ПИК Сегед, Киелце, Копер...
