• Горан Упале
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со пораз ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите, но во Париз покажа машка игра и го намачи моќниот тим на ПСЖ.
Французите на крај славеа со минимални 31-29, откако во финишот беа посмирени од момците на Бранислав Ангеловски. Одлична партија во Париз покажа капитенот Филип Кузмановски, кој беше вистински лидер на „зелено-белите“, а покрај тоа зад неговото име се најде и најдобриот потег на натпреварот – „бомбата“ од место во самиот финиш, кога Пелистер се доближи на само еден гол до противникот.
Кузмановски со осум гола беше најпрецизен во таборот на пелистерци, а по шест погодоции запишаа Цехте и Пешевски.