• Мартин Танасковски
Една од најдобрите светски ракометари, Нора Мерк, направи голем трансфер и потпиша со романскиот амбициозен тим ЦСМ Букурешт.
Мерк, која е трикратен освојувач на женската Лига на шампиони, доаѓа во Букурешт од редовите на унгарски Ѓер каде беше лидер во изминатите години.
„Среќна сум што можам да соопштам дека потпишав со ЦСМ Букурешт, клуб кој верува во мене и моите квалитети. Повеќе од се сум мотивирана да се вратам на терен и да ја продолжам кариерата со едни од најдобрите светски ракометарки. Имам високо мислење за ЦСМ, амбициите ни се поклопуваат“, изјави Мерк.
Норвешката репрезентативка со романскиот тим потпиша двегодишен договор кој стапува на важност од јуни.