• Сашо Поповски
Македонската репрезентација, предводена од селекторот Кирил Лазаров, ќе се бори за бронзениот медал на ракометниот турнир во Оран, каде се одржуваат овогодишните Медитерански игри.
„Малото финале“ го најави голманот на Србија, Милан Бомаштар, кој верува во успех и позитивен резултат за својата екипа.
„Ќе се подготвуваме за Македонија како што се подготвуваме за секој натпревар. Ги знаеме, одигравме два пријателски натпревари со нив минатиот јуни и мислам дека повеќето помлади играчи од нивната лига кои беа во тој состав сега се тука на Медитеранските игри. Ќе се подготвиме максимално затоа што мислам дека ако бидеме на нашето посакувано ниво, ако играме како што игравме против Италија, Тунис и Шпанија, можеме да победиме. Сакаме да ја наметнеме нашата игра и да се вратиме во Србија со медал“, порача српскиот чувар на мрежата.
Македонија во полуфиналето беше надиграна од Египет, па остана без прилика да се бори за златото.