ФОТО: Болат солзите на македонските „лавици“, но девојки – главата горе!

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години не успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство (СП). Поразот од Исланд (22-25) беше кобен за нас, а Шведска се радува затоа што како втора во групата оди понатаму.

Тешко го поднесоа македонските девојчиња поразот од Исланѓанките кои се реваншираа за претходниот натпревар кој го доби нашиот национален тим на ЕХФ Шампионатот во Клаипеда, Литванија.

Солзите течеа како река по крајот на натпреварот. Савевски не можеше да ги смири своите избранички кои расплакани заминаа во соблекувална, па на тестирање, а некои од нив не можеа да ги сопрат солзите дури и на патот кон дома.

Девојки, главата горе! Македонија покажа неверојатна борба на ова Светско првенство на досегашните пет натпревари и може да биде горда на тоа. Целата нација е горда на овој тим, кој допрва ќе