Бојана Коцева по тешката повреда и девет месеци му се врати на ракометот

Младинската репрезентативка на Македонија, Бојана Коцева, повторно е на ракометните терени по девет месеци пауза и тешка повреда која успешно ја надмина.

20-годишната ракометарка која настапува на позицијата среден бек се повреди за време на У20 Светското првенство во Скопје на натпреварот против САД. Настрадаа лигаментите, а по операција и долга рехабилитација, таа е на терените.

Коцева настапи во дресот на Металург Автокоманда во победата над ЖРК Куманово и даде два гола во мрежата на противникот. Успешен кам-бек, што е добри вести и за Металург и за селекцијата на Македонија пред новите предизвици.