Голем хендикеп за Македонија: Заврши СП за Бојана Коцева

Младата македонска ракометна репрезентативка Бојана Коцева заработи тешка повреда поради која може долго да отсуствува. Селекцијата на Македонија до 20 години на стартот на Светското првенство кое се игра во Скопје ја декласира селекцијата на Соединетите Американски Држави (32-15), а Коцева беше „данок“ на оваа победа.

Перспективната млада ракометарка заработи тешка повреда и на носилки беше изнесена од теренот. Селекторот Дарко Јанев кратко ја искоментира ситуацијата со повредата.

„Победа си е победа. Сега ќе мораме да се кренеме, да бараме замена за моторот на екипата. Да менуваме тактика....“, кратко прокоментира селекторот Дарко Јанев.

Засега нема подетални информации за природата на повредата на Коцева. Сепак, според првичните слики младата девојка беше во големи болки и делуваше сериозно...