Бојан Маџовски го раскина договорот со новиот првак на Србија

По засилувањата во редовите на шампионот на Србија, следуваат заминувања од Хумска, меѓу нив е и македонскиот репрезент меѓу црно-белите. Како што велат српските медиуми, Лука Барјактаровиќ, Лука Арсениќ, Марко Васиќ, Бојан Маџовски и Михајло Радојковиќ го напуштија клубот.

„Барјактаровиќ, Арсениќ и Радојковиќ имаа истечен договор, додека Васиќ и Маџовски спогодбено ја прекинаа соработката со клубот. Партизан им се заблагодарува за сè и им посакува многу среќа и успех во продолжението на кариерите“, соопштија од црно-белиот табор.

Маџовски имаше минимално влијание на позицијата лево крило и од Србија велаат дека никако не успеал да влезе во форма и да го замени стандарниот Младен Шотиќ, по повредата на капитенот Никола Зечевиќ.

ФОТО: РК Партизан / Facebook