Бодо: Вардар има незгоден стил на игра, нема да биде лесно во Скопје

Ракометарите на Вардар 1961 ќе играат за одмазда против ПИК Сегед, кој победи на соочувањето пред една недела на домашен терен. Унгарскиот тим гостува во Скопје и ќе биде нов тест за избраниците на Веселин Вујовиќ во Лигата на шампионите.

Левиот бек на ПИК, Ричард Бодо, најавува тешко надигрување на вториот меч против вардарци во краток период.

„Нема да биде лесен натпревар, секој знае дека Вардар игра незгоден стил на ракомет. Неговите играчи се брзи, поседуваат рутина и важат за борбени играчи. Ќе биде важно да се одбраниме, брзо да правиме транзиција, бидејќи домашната екипа сигурно ќе наметне силно темпо на игра. Мора да бидеме многу попрецизни во нападот, нивниот голман имаше добар ден на претходниот дуел, сега треба да шутираме попрецизно. Ние сме во добра форма, па ни останува само да победиме и да го освоиме двата бода“, рече 28-годишникот.

Вардар нема победа на последните четири меча против ПИК Сегед. Македонскиот првак се надева дека ќе стави крај на негативната серија пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“.